ВИДЕО – Донесувањето на новиот ДУП ја кочи изградбата на новиот театар во Прилеп

Нашата заложба е час поскоро да започне изградата на новиот театар во Прилеп кој што ќе биде изграден во состав на реконструираниот Дом за култура „Марко Цепенков“, но засега најголема пречка за тоа беше донесувањето на Деталниот урбанистички план за овој потег на градот. Ова денеска го изјави градоначалникот Илија Јованоски кој се надевал дека идниот месец конечно ќе се досел ДУП-от за театарот.

 

 

За театарот требаше да се промени деталниот урбанистички план на овој потег, каде што е Домот на културата во центарот на градот. Правиме напори и не можам да би кажам колку засилено работиме со Министерството за транспорт и врски и со урбанизмот од Општина Прилеп за да се промени деталниот урбанистички план. На повидок е крајот за донесување на промената на деталниот урбанистички план на овој потег, 3 – 13, така се води. Очекуваме дека во Месец февруари ќе заврши дефинитивно промената на деталниот урбанистички план, кој што ќе го донесиме на седницата во февруари или март на Општина Прилеп, за да можеме да бараме средства од Министерството за култура за да се прави новиот театар. Секогаш има некои дополнителни барања дали од Министерството за култура, Музеј Прилеп, од кај нас, од Животна средина, од секаде. Ние инсистираме по секоја цена час поскоро да се донеси, во контакт сме со министерот за транспорт и врски од Прилеп, господинот Сугарески, постојано сме во контакт и час поскоро сакаме да се донеси тој детален урбанистички план на овој потег“, истакна Јованоски.

 

Инаку од страна на Министерството за култура биле предвидени 5 милиони денари за изработка на основен проект за новиот театар, но бидејќи во 2019 година не бил донесен деталниот урбанистички план тие средства биле повлечени.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи