ВИДЕО – Јованоски : Во 2021 ќе започне изградбата на секундарната гасификациона мрежа во Прилеп

Примарната гасификација во Пелагонискиот регион на потегот Прилеп-Битола треба да биде завршена до крајот на оваа година и спрема проектот на Владата во 2021 треба да се прави секундарната гасификациона мрежа во сите градови во државата. Ова денеска го истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

Општина Прилеп е во фаза на проектот за секундарна инфраструктура, која изнесува околу 20 километри во нашиот град. Идејниот проект и проектот за инфраструктура е направен, во тек е постапката за основниот проект за инфраструктура за овие 20 километри и тендерот со фирмата која што го изработува овој проект до крајот на март или април комплетно ќе го имаме. Уште беше дилема дали секундарната гасификација во градовите ќе ја прави секоја општина засебно, или тоа ќе го прави државата генерално за сите општини во Македонија Баравме пред Нова Година да знаеме точно дали треба самите да ја правиме таа секундарна гасификациона мрежа, да издвоиме средства во буџетот за оваа година. Ни беше кажано да не издвојуваме средства, тоа најверојатно ќе го прави државата и јас се надевам дека во текот на оваа година ќе избери изведувач за правење на секундарната гасификациона мрежа низ сите градови во државата, за во 2021 да почне со изведба на оваа мрежа“, изјави Јованоски.

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи