ВИДЕО – Јованоски : Годинава 6 милиони денари субвенции за инвертори и велосипеди, досега инвестирани 9.5 милиони денари за заштита на животната средина

Општина Прилеп доби 9.5 милиони денари од државата за реализација на проекти за заштита на животната средина по објавените два конкурси за промовирање на мерки за енергетска ефикасност и за опрема и машини кои треба да бидат во склоп на подобрување на животната средина во општините.

 

 

По првиот оглас Општината аплицираше за правење на котлара во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, каде што се добија средства од околу 5.400.000 денари и 13 инвертор системи во средните училишта „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“ и во детската градинка „Наша иднина“. Вториот проект беше за енергетска ефикасност, каде добивме околи 3.5 милиони денари, каде беше променета дограмата и столаријата во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и во некои од детските градинки. Исто така се добија и 7 прочистувачи на воздух во детските градинки во Прилеп, каде сето тоа заедно го промовиравме како подобрување на животната средина во институциите и за граѓаните во нашата општина“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Јованоски истакна дека Општина Прилеп ќе продолжела и понатаму со инвестициите за заштита на животната средина. Доказ биле 4-те еко автобуси на природен гас, метан, а исто така и новите субвенции за 2020 година од 6 милиони денари за велосипеди и инвертори кои биле предвидени за оваа година.

 

Во оваа прилика сакам да нагласам дека за оваа година, Советот на Општина Прилеп оддели 6 милиони денари за подобрување на животната средина во нашата општина. 4 милиони денари се одделени за субвенционирање на инвертор системи за околу 400 семејства, каде општината ќе субвенционира по 10.000 денари за еден инвертор систем, и 2 милиони денари ќе се употребат за субвенционирање на велосипеди за нашите граѓани во нашиот град. Тоа покажува дека се грижиме за животната средина во нашата општина и во тек се одредувањето на критериумите за граѓаните што треба да ги добијат овие субвенции“, додаде Јованоски.

 

Исто така се следеле континуирано резултатите од 6-те пробни станици за мерење на квалитетот на воздухот, а кон крајот на јуни ќе се увидело дали тие ги задоволуваат сите критериуми за да истите бидат купени.

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи