На 28.01.2020 во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во 09.50 часот во Здравствен дом Македонски Брод со повреди бил донесен С.П.(63) од Македонски Брод.
Според пријавеното, тој бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на с.Грешница, Македонски Брод, така што Т.Т.(50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
[poll id=”-2″]