Пуштени во сообраќај три нови електролокомотиви

Facebook
Twitter
Email
Print

Железници на РМ Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ. Со испораката целосно се реализира Договорот за  набавка на четири електролокомотиви од кинеската компанија, во вкупна вредност од  8.678.600 евра.

 

Од Железници Транспорт велат дека со пристигнувањето на новите електро локомотиви, се заокружува Проектот за ревитализација на возниот парк и оти тоа претставува големо задоволство за нив имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година.

 

Како што потенцираат од Железници на РМ, електро локомотивите се изработени согласно со најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на нашата држава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи