Телескопот Инуи ја направи најдеталната снимка од Сонцето

Првите набудувања од телескопот Инуи ја доведоа претходно магливата слика за Сонцето во остар фокус, пишува „Гардијан“. Сончевата површина е откриена со досега невидени детали во првите набљудувања со сончевиот телескоп на Хаваи.

„Ова се слики од сончевата површина снимени со најголема резолуција досега. Она за што претходно мислевме дека изгледа како светла точка – како една структура – сега е разложено во многу помали структури“, рече Томас Римел, директор на проектот за соларниот телескоп Инуи.

 

Телескопската резолуцијата од 30 километри е повеќе од двојно поголема во однос на онаа од следната најдобра соларна опсерваторија.

 

Сликите откриваат дека површината на Сонцето е испрскана со грануларни структури, како грутки од злато, секоја со големина на Франција. Столбовите плазма суперзагреани на скоро 6.000 Целзиусови степени, се гледаат како светли точки во центарот на секое зрно – епицентри на жестоките изблици топлина од внатрешноста на сонцето до неговата површина. Како што плазмата се лади, се враќа назад под површината преку тесни, сенчести канали помеѓу зрната.

 

 

Овие многубројни детали ќе помогнат во подобрувањето на разбирањето на однесувањето на сонцето и ќе овозможат попрецизно да се предвиди неговиот циклус на активност.

 

Телескопот на Американската национална опсерваторија за соларна енергија, кој чини 344 милиони долари, има четириметарско огледало – најголемото за еден сончев телескоп – и се наоѓа на врвот на вулканот Халеакали на островот Мауи.

 

Во меѓувреме, соларната сонда „Паркер“ на НАСА врши набљудувања од работ на сончевата атмосфера, а следната недела е лансирањето на мисијата Сончев орбитер, соработка со Европската вселенска агенција и НАСА.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи