На 11 локации на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод ќе се градат фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќност од 35 мегавати, од кои со моќ од 25 мегавати во Свети Николе и 10 мегавати во Македонски Брод.
Инвеститори се девет компании коишто на електронската аукција не побарале премија со што по тој основ во Буџетот се слеани 2,7 милиони евра. Според најавите, утре треба да се одржи аукција за фотоволтаични централи со вкупна инсталирана моќност од 25 мегавати што пак треба да се градат на приватно земјиште.
Договорите им беа врачени на компаниите денеска во Владата, а на настанот присуствуваа техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за економија Крешник Бектеши.