ВИДЕО – Талевски : Наќе Чулев го враќа ВМРО-МВРО!

Само триесеттина дена беа доволни за јавноста да се потстети на 11 годишното владеење на Никола Груевски и неговото злосторничко здружување. Функционирањето на Министерството за внатрешни работи под палката на техничкиот министер Наќе Чулев, во ништо не се разликува од начинот на кој Гордана Јанкуловска раководеше со ВМРО-МВРО. Истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

 

Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.

 

„Фотографиите објавени во медиумите, на кои според нив полициски службеник вработен во прилепската полиција шмрка кокаин, потврдуваат дека секогаш кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководат со полицијата, граѓаните со право се плашат за својата безбедност.

 

Бидејќи јавноста мора да ја знае вистината, го повикуваме првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, да одговори во какви релеации е со осомниченото лице.

 

Исто така, граѓаните очекуваат одговор и од поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, да ја објасни неговата поврзаност со осомничениот.

 

Нопоставениот началник на ОВР – Прилеп, Трајче Георгиески, кој е директно именуван од Наќе Чулев, има обврска да излезе во јавност и да објасни дали полицаецот кој според медиумите конзумира кокаин, е во неговиот најблизок тим?

 

Повеќе од јасно, е дека актуелните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за внатрешни работи, кои се остатоци од криминалниот режим на Никола Груевски, немаат намера да се грижат за безбедноста на граѓаните, а уште помалку да овозможат услови за фер и демократски избори.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО. Граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, сигурност, безбедност и продолжување по вистинскиот пат. Режим никогаш повеќе!“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи