Продадени 7 парцели за угостителски објекти на ски терените Станич и една во индустриската зона „Опаленик“ кај Крушево

Со објавата на општина Крушево за отуѓување на градежно земјиште на скијачките терени Станич беа откупени сите седум парцели од страна на две претпријатија. Една од парцелите на Станич ја купи компанија „Бегова Корија“, име под кое се води и детското одморалиште во Крушево, а останатите шест парцели ДПУ Специјал градба ДООЕЛ, СКопје. Парцелите се со големина од над 300 метри квадратни и тука ќе се градат објекти за услужни угостителски дејности.

 

Исто така, општина Крушево оттуѓи една парцела во индустриската зона „Опаленик“ со големина од 22 261 метри квадратни. Оваа парцела е закупена од страна на компанијата за преработка и производство на тутун, СЕКЕ, која веќе има свој погон таму, а сега сака да го прошири своите капацитети.

 

„Општината се развива од повеќе страни. Од една страна се нашите инвестиции во инфраструктурата со средства од државни и меѓународни фондови. Се градат патишта, резервоари за вода, канализации, градинки, се инвестира во туризмот, јавната хигиена и сл. Од друга страна, е овој дел кој припаѓа на приватниот сектор со наша поддршка. Откупени се парцели за туристички и комерцијални објекти на Станич и со тоа зимскиот и авантуристички туризам продолжува да се развива, а со продажбата на парцела во индустриската зона се отвора пат за нови работни места, производство и дополнително раздвижување на локалната економија. Општина Крушево секој ден се менува на подобро.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи