ВИДЕО–Јанески: Нема предизборни партиски вработувања, Водовод го начекав со 190 вработени, денес се 210, но имаме плус 2 нови одделенија

Директорот на ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп денеска одржа прес конференција како демант на вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на која тие го обвинија за предизборни партиски вработувања.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„ЈКП „Водовод и Канализација“ во минатиот период реализираше неколку крупни проекти. Ја презедовме пречистителната станица со успех, обучивме кадар и истата одлично функционира и секојдневно ги извршува своите обврски.

 

Паралелно со тоа реализиравме уште еден успешен проект од програмата „Balcan мediteranian water energy cycle“. Во овој момент во ЈКП „Водовод и Канализација“ функционира ГИС систем со сите негови карактеристики, најдобар во Македонија и тоа со сигурност. Изработивме подземен катастар, во целост ги знаеме нашиите инсталации, без разлика дали се работи за водоводна или канализациона мрежа, сите нашии шахти, вентили, куќните приклучоци, имаме можност да се прати состојбата на водомерите и се она што е поврзано со дејноста и работата на претпријатието.

 

Ја имаме во овој момент најдобрата техничка опрема поврзана со дејноста и работата на претпријатието. Имаме гео скенер со можност да ги лоцира нашите линии 8 метри под земја и радиус од 15 метри. Имаме камера за детекција на девијациите на канализационата мрежа без разлика за каков вид на дефект станува збор. Имаме секаков вид на локатори, можеме да лоцираме ПТТ, електро инсталации, можеме да лоцираме нежелезни материјали, феромагнетни материјали, имаме ГПС, Одомер, Геофон за детекција на губитоци на вода, корелатор кој исто така е за детекција на губитоци на вода.

 

За цело ова време додека претпријатието чекореше успешно напред, усовршувајќи и подобрувајќи ги услугите кон граѓаните осетно, во ниту еден момент не се загрози финансиската ликвидност на претпријатието. Само лани во споредба со сите јавни комунални претпријатија во државава реконструиравме повеќе од 8 км. водоводни линии и повеќе од 2 км.канализациона мрежа.

 

Зацевивме повеќе од 1.600 метри канали дури и на оние места каде по гравитационен пат урбаната вода не можеше да биде внесена во нашиот колекторски систем изработивме шахти што е нов начин на функционирање на канализиационата мрежа и со препумпни станици ја качуваме на повисоко ниво за да може истата да биде внесена во колекторскиот систем.

 

ЈКП „Водовод и Канализација“ кога дојдов на негово чело имаше само долг кон Секторот за води и во овој момент има долг само кон Секторот за води во рамки на Министерството за животна средина. Ако го слушавте вчера пресот на госпоѓата Ирена Стерјовска Локвенец можевте да стекните впечаток дека е загрозена финансиската ликвидност на претпријатието што е апсолутно неточно. ЈКП „Водовод и Канализација“ е добростоечко претпријатие кое редовно ги измирува обврските кон своите доверители.

 

Неточно е дека енормно се зголемил бројот  на вработени во ЈКП „Водовод и Канализација“. Лага е дека оној момент кога дојдов за директор имало околу 140 вработени на неопределено време. Имаше над 160, а во овој момент има 147 бидејќи дел си заминаа во пензија. Заедно со вработените на определено време кои во моментот на мое назначување за директор беа околу 25, вкупниот број на вработени во ЈКП „Водовод и Канализација“ беше околу 190. Во овој момент вкупниот број на вработени во ЈКП „Водовод и Канализација“ е околу 210. Ама треба да се има предвод дека имаме 2 нови одделенија, а едното од нив е пречистителната станица за која што требаше да се обучи кадар за истата да може да работи. Неточно е дека партиски и нерационално се вработуваат луѓе во предизборието и остро ги демантирам таквите шпекулации. Тие 17 лица коии се вработија не се вработени, тие се со договор на определено време за 3 месеци, заради зголемените активности што ги имаме во овој момент.

 

Исто така лага е дека госпоѓата директорка на Јавнотото претпријатие за ПУП, Мери Цветаноска, е вработена во ЈКП Водовод и канализација. Оние вработени, кои што припаѓаат на јавниот сектор или во јавната администрација можат да бидат вработени само со огласување од јавното комунално претпријатие до Агенцијата за јавна администрација и целокупната понатамошна постапка ја води Агенцијата за јавна администрација, тестирањана, интервјуата итн., и менаџерскиот тим на ЈКП нема никаква улога во тоа. Од тоа што јас го знам за госпоѓата Мери цветаноска, е со економски факултет и таа не можи да работи во ЈКП на неопределено време, освен ако не победи на некој од нашите огласи, каде што можат, ако ги исполнуваат условите, да се кандидираат сите граѓани во Македонија. Значи во овој момент директорката на Јавното претпријатие за Просторно и урбанистичко планирање не е вработена во Водовод.

 

Апсолутно е лага, во нивно време бројката на вкупен број на вработени на неопределено и определено време беше околу 190, денес е 210, со тоа што функционираат 2 одделенија дополнително, за кои што потребата се наметна сама по себе. Значи бројот на вработени е зголемен исклучиво заради функционирањето на двете нови одделенија, одделението за комерција и одделението за пречистителна станица и заради непреченото функционирање на истите. Бројот на вработени во другите одделенија во ЈКП е останат ист.

 

Во овој момент во ниедно одделение апсолутно нема повеќе вработени од оној број кој го имаше кога јас бев назначен за директор на ЈКП, дури во одредени одделенија има и помал број на работници. Меѓутоа, ако имате дополнително две одделенија и ако дополнително имате објект вреден 23 милиони евра, кој мора функционира, логично е дека во него треба да работат луѓе кои претходно ќе бидат обучени за непречено функционирање на пречистителната станица. Ние по дејност, меѓу другото, освен водоснабдување и одведување на отпадни води, имаме и прочистување на урбани отпадни води.

 

Стручни лица околу 17, дополнително има стражарска служба и хидиеничари. Значи ако го земите во предвид тој број, ќе видите дека од прилика кога не би постоела пречистителната станица, бројот на вработени би бил исто како и во моментот кога јас дојдов за директор во ЈКП.

 

Исто така сакам да демантирам дека прилепчани пијат најскапа вода за пиење. Прилепчани пијат најевтина вода за пиење. Точно е дека во овој момент е 27,13 денари, таа корекција ја прави Регулаторна комисија. 26.70 беше, 27.13 е, и таа е цена утврдена пред две години, од Советот во кој советник е исто и Ирена Стерјовска Локвенец и тоа требаше да го знае. Оваа цена не е утврдена денес, туку е утврдена пред 2 години, бидејќи утврдувањето на цените, согласно Законот за утврдување на цени за водни услуги се прави за 3 години. Цената 27.13 е најниската тарифа која ја има утврдено Регулаторната комисија, под таа цена не можеме да одиме, доколку би можеле секако би оделе. Просечната тарифа е некаде околу 27.60 денари, минималната е 27.13, максималната е повеќе од 28 денари. Значи има за 0.3 денари, или 3 дени по кубик, што би правеле 3 денари месечно за 10 кубици вода, колку што троши просечно едно семејство. Замислете 3 денари на 10 кубни метри вода, ако трошите 10 метри кубни вода во текот на еден месец, или 5 денари ако трошите 15. И за тоа ВМРО-ДПМНЕ вчера свика прес“, истакна Јанески.

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи