На 03.02.2020 околу 12.30 часот во Гостивар, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода В.Ф.(25) од Гостивар, О.Џ.(27) од Гостивар и Д.З.(39) од Прилеп, поради сомнение дека учествувале во одземање и продажба на патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое минатата година било оставено за поправка на паркинг во Гостивар, а чие одземање на 01.02.2020 го пријавил Б.М.(33) од Гостивар.
Возилото било пронајдено и денеска ќе му биде вратено на пријавителот. По целосно документирање на случајот, против В.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок.