Владата донесе одлуки за давање на трајно користење на 38 прочистувачи за воздух, за потребите на градинки, основни и средни училишта и факултети во повеќе општини.
Пречистувачи на воздух ќе добијат општините Куманово, Струмица, Аеродром, Битола, Илинден, Боговиње, Берово, Гази Баба, Гостивар, Могила, Охрид, Прилеп и Битола, соопшти по седницата владината прес-служба.
Активноста е дел од Програмата за чист воздух.