Генералниот директор на Тутунски Комбинат Прилеп, Кире Станкоски, бара јавно извинување од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп за како што вели изнесените невистини на денешната нивна прес конференција каде за партиски вработувања се споменуваат правните субјекти Филип Морис и Експанда кои според Станкоски не се правно поврзани. Во спротивно ќе биле превземени правни мерки од страна на тие кои биле неправедно и злонамерно поврзани во текстот, а биле независни правни приватни субјекти.
Инаку по одржувањето на прес конференцијата и нејзиното објавување во медиумите, од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп беше побарано тргнување на спорниот пасус од нивниот текст кој го испратија на меил, каде се споменуваат овие две компании.
[poll id=”-2″]