Несовесни граѓани фрлиле три контејнери и една скеле во Дабнички канал и Градската река

По вчерашната објава за турнати  два контејнери в река кои комуналните служби ги извадоја и поставија на местата во еколошките острови, денеска уште поголем вандализам од непознат сторител.

 

Ноќеска на истото место во Дабнички канал повторно се турнати три контејнери за селекција на отпад, додека пак во Градската река турнато е цело скеле за сушење на тутун.

 

„Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои „Комуналец“ троши време и пари, а влијае и на угледот на комуналното претпријатие, случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби“, велат од ЈКП „Комуналец“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи