ВИДЕО – Царовска без конкретен одговор што ќе се случува со Еурокомпозит во иднина

Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, без конкретен став и одговор што ќе се случува со 60-тината вработени во државната компанија Еурокомпозит, кои веќе неколку месеци се пратени на принуден одмор и не земаат плати. Денеска тие повторно одржаа протест во Прилеп.

 

 

„Неколку пати Владата имаше различни програми преку кои што ја поддржуваше Еурокомпозит, да не заборавиме дека 154 вработени кои претходно беа во компанијата се обештетени со Законот за материјално обезбедување, или со стечаен надоместок. Сега има претставник на капиталот, како и претходно во оваа компанија, се разговара со менаџментот кои се опциите за надминување на проблемите, но во секој случај, доколку имате одредени конкретни прашања кои што ве интересираат по однос на ова, да се обратите до пи-ар службата на Владата и ќе добиете одговор“, истакна Мила Царовска, вицепремиер за задолжен за економски прашања.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи