ВИДЕО – Царовска : Странските инвестиции го зголемуваат бројот на вработени, во овие компании работат 13.000 луѓе

Во изминатите 2 и пол години вложивме повеќе од 100 милиони евра директно во странските и во домашните компании, се со цел да го поттикнеме нивното производство и да ги направиме условите за развој на нивниот бизнис посоодветни во нашата држава. Но дополнително инвестираме и во работниците. Истакна Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, при денешната посета на компанијата WIK во ТИРЗ Прилеп. Царовска додаде дека со влезот на странските инвестиции се зголемува бројот на вработени кај нас.

 

 

„Дополнително во овие странски инвестиции кои што се поддржани од држава, се зголеми бројот на луѓе кои што се вработени од околу 8.000, денес имаме околу 13.000, а тоа се за повеќе од 5.000 вработени повеќе, што укажува дека со целите, мерки и програми кои Владата ги носи за поддршка и на домашните и на странските инвестиции, се зголемува и бројот на вработени, а со тоа значи дека се дава можност за развој на овие компании и за раст на овие компании“, истакна Царовска.

 

Царовска ги потенцираше и предностите на дуалното образование, во кој проект е вклучена и оваа компанија.

 

„Една од компаниите која што е вклучена во дуално образование, или усогласување на образованието со потребите на пазарот на труд е и оваа компанија. Во 2019 во таа генерација имаме 135 ученици, кои што го посетуваат овој тип на настава и навистина се грижиме да оваа програма која што е како пилот, да може да ги даде своите резултати, а веќе ги гледаме истите. И да понатаму компаниите, преку стопанските комори, благодарност сега до Германската стопанска комора која што е вклучена во ова и Стопанската комора на Македонија, да понатаму сите компании, кои имаат услови, кои се поголеми, да вклучат повеќе ученици“, додаде Царовска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи