Одличен настап на членовите на КБК „Максам“ – Прилеп на Државното првенство во Кик Бокс кое се одржа во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Учествуваа 205 натпреварувачи, од 24 клубови од Македонија. Организатор беше Кик Бокс Маи Таи Федерација на Македонија.
Од КБК “Максам” Прилеп освоија 7 медали, 5 златни, ( Државни прваци Матеј Смилевски, Дино Пеливаноски, Марио Пеливаноски, Петар Неделкоски, Симеон Сталески) 1 сребрена (Андреј Смилевски) и 1 бронза. (Антонио Митрески).во различни категории и возрасти.
Од клубот порачуваат дека продолжуваат понатаму уште посилни и се подготвуваат за следни натпревари.