Прилепчанецот Владимир Јованоски викендов направи неверојатен подвиг искачувајќи ги трите најпознати прилепски планински врвови Златоврв, Чуле и Козјак за само 6 часа и 30 минути.
Ова е неговото време на искачување :
- Златоврв 1422м. Прилеп-Златоврв-Прилеп 2:11:30-16км.
- Чуле 1578м. ман.Селце-Чуле-ман.Селце 1:38:51-8км.
- Козјак 1747м. Плетвар-Козјак-Плетвар 2:38:17-13км.
Вкупно км. 37. Висинско искачување над 2.100м. Време 6:28:38
„Ова искачување беше само подготвителен тренинг за мојот поголем подвиг кој планирам да го реализирам за брзо време, а тоа е искачување на целииот планинскии предел околу Прилеп. Започнувајќи од Марковии Кули преку Златоврв, Дрвен, Козјак, Ливада,, Две стени над превојот Слива, па се до врвот Веслец нас селото Штавица. Целата оваа должина планирам да го поминам за помалку од 10 часа“, изјави за Јованоски за Инфо Компас.
Инаку Јованоски ги има искачено врвовите како Монт Блан, највисокиот врв ов Европа – Елбрус, највисокиот врв во Австрија – Гросглокнер и највиисокиот врв во Јужна Америка – Аконкагва. За искачување на други сумити, остава да покаже времето.
ФОТОГРАФИИ ЗЛАТОВРВ :
ФОТОГРАФИИ ЧУЛЕ :
ФОТОГРАФИИ КОЗЈАК :