Mинистерот за здравство, Венко Филипче говорејќи за состојбите со корона вирусот рече дека засега нема потреба од откажување на манифестациите на отворено кои се закажани за наредниот период, притоа истакнувајќи дека со заштитните маски на отворен простор може само да се зголеми ризикот на инфекција.
„Засега нема потреба. Може се да се случи. Имаше случај во Грција, имаше уште еден случај во Хрватска. Чекам информации од Косово, знам дека во Албанија – нема. Може се да ни се случи. Може да имаме прв заболен и тогаш ќе одлучуваме во зависност од епидемиолошкиот ланец на заболениот. Што се однесува до карневалот „Прочка“ во Прилеп, можно е да дојде до одложување. Ќе имаме состанок, ќе одлучиме“, истакна Филипче.
Филипче сепак додаде дека ќе се следи состојбата и дополнително ќе се одлучува за какви мерки ќе бидат спроведени доколку се појави прв случај во земјава.