ФК „Победа“ во Крушево ја стартува мисијата за второлигашки опстанок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Со натпреварите од 15. коло в сабота продолжува првенството во Втората лига – Исток. За прилепска „Победа’ првиот пролетен натпревар со фенерџијата „Питу Гули“ во соседното Крушево е првиот од 13-те квалификациони дуели во мисијата наречена зачувување на второлигашкиот статус. Таа мисија ќе биде тешка со оглед на бодовното заостанување во однос на директните конкуренти, фактот дека треба да се брка шестото место, кое сепак и тоа не е гаранција и ќе зависи од тоа во која лига –Исток или Запад ќе испаднат последните две екипи на прволигашката табела.

 

Комбинаторики и калкулации ќе има цела пролет затоа што ќе биде интересна и борбата за првото место, како и борбата за опстанок што првенството го прави мошне интересно и практично ќе нема небитни натпревари.

 

Во паузата меѓу двете полусезони „Победа“ се засили со неколку повратници (Котевски, Анѓелески, Петкоски, Андреески, Кисески-Илијоски и Евремов), како и новодојдените Анастасовски и Симјановски, а целиот тек на подготовките беше реализиран во Прилеп. Одиграни беа шест контролни натпревари, на кои тренерот Дарко Крстески им даде шанса на сите фудбалери да се докажат и наметнат во борбата за статусот првотимец. Во тест натпреварите беа остварени пет победи и еден пораз. Старо-новиот шеф на стручниот штаб за стартот на полусезоната нема многу дилеми околу составот, иако настапот на некои фудбалери е неизвесен од здравствени причини.

 

Но единаесетмината кои ќе истрчаат на теренот на стадионот „Езеро“ во Крушево в сабота во 14:00 часот ќе бидат најдобрите во тој момент и свесни за тоа треба да ги одиграат најдобрите 90 минути за успешен старт на пролетната полусезона и освојување на првите три бода во пролетната полусезона.

 

Извор: Гол.мк

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи