Османи контра Заев: Таблата во Прилеп е според Законот за јазици и треба да биде двојазична

 

 

Вицепремиерот Бујар Османи не се согласува со изјавата на експремиерот Зоран Заев дека таму каде што нема 20 проценти албанско население таблите на локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата како што се Прилеп и Велес не требa да бидат двојазични и дека тие се поставени по грешка.

 

Според Османи, Општина Прилеп, во која припаѓа и Општина Долнени, бројката е над 20 насто, што значи таблите треба да бидат двојазични, исто како што е и Општина Велес во која со селата има бројка од 20 отсто албанско население.

 

„Законот е јасен и не треба да го толкуваме ние политичарите. Ајде да оставиме агенцијата и инспекторатот да го имплементираат“, рече Османи.

Заев, пак, денеска на прес-конференција изјави дека двојазичната табла поставена на зградата на Јавното обвинителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета затоа што е поставена по грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.

 

„Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што Законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи