Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува.
❗️Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.
❗️ На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.
❗️ Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките. На следните линкови се сите потребни информации како да го заштитите вашето здравје и здравјето на другите.?
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2321621368144883
https://www.facebook.com/…/1822571701383188/2322718648035155
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1051142805262303
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/744504589290200
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/224914288679038
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/575452529848454