Да се затворат театрите, кината, теретаните – кафулињата и рестораните да работат до 18 часот со ограничен капацитет

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за воведување дополнителни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот.

 

Меѓу нив е и одлуката кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости, за да има дистанца меѓу нив. Се препорачува меѓу гостите на локалите да има оддалеченост од 1,5 до 2 метра, посочи министерот.

 

Тој кажа дека се затвораат и сите места каде што се собираат граѓани, како вежбалници, кина, театри и обложувалници, а се откажуваат и сите кино-проекции, театри и концерти. Исто така се забрануваат и сите јавни собири без разлика на бројот на учесници.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи