Филипче: Тројца од заразените имаат лесно влошување на состојбата

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Тројца пациенти заразени со коронавирус кои се на Инфективната клиника во Скопје, на возраст над 65 години, имаат лесно влошување на здравствената состојба и имаат поотежнато дишење, но сепак кај нив не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.

 

Се воведува забрана за сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, а се затвораат и сите киносали, театри, обложувачници, казина, вежбалници и сл. Филипче посочи дека клиниките ќе работат само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор.

 

Министерот повика на јавна свест кај луѓето, за, како што рече, да не дојдеме во ситуација како во Италија, каде има полициски час и луѓето не смеат да излезат од дома без придружба на полиција.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи