Рекорд во Италија, 368 починати за само еден ден од корона вирус, Германија ги затвора границите

Facebook
Twitter
Email
Print

Алармантно се зголеми бројот на заболени од корона вирусот во Италија. 3.590 нови случаи за еден ден, а бројот на починати се зголеми за рекордни 368 и сега изнесува 1.809. Вкупниот број на заболени во оваа земја е близу 25 илјади.

 

Најпогоден регион и натаму останува Ломбардија. Локалните власти укажуваат дека болничкиот систем, кој е еден од најефикасните во Европа, е пред колапс. Докторите велат дека повеќе нема слободни кревети. Од италијанскиот институт се уште не можат да потврдат дали земјата го достигнува пикот на болеста, и кога бројката на заболени ќе почне да се намалува.

 

Во Франција, стравот од корона вирусот доведе до рекордно слаба излезност на локалните избори. според последните анкети, излезноста е околу 44 %, што е пад за 16% споредено со последните локални избори во 2014-та.

 

Германија одлучи од утре времено да ги затвори границите со Франција, Швајцарија, Австрија, Данска и Луксембург, со цел да го спречи ширењето на вирусот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи