Во обид да се надминат состојбите со принудниот распуст на учениците поради корона вирусот денеска во Прилеп за прв пат во Македонија се одржа електронски онлајн час по математика на кој учествуваа 16 ученици од 6-то одделение од ООУ „Блаже Конески“. Наставникот по математика Игор Богданоски е креаторот на овој час, а истиот го спроведува преку платформата на Мајкрософт Office 365. Поради корона вирусот и препораките на Владата разговорот со него го направивме исто преку интернет.
„Со користење на оваа технологија можеме во најмала рака да ја доближиме училицата до секој ученик дома, да помогниме во ова кризно време на сите колку е можно повеќе да останат дома и да не заостанат со извршувањето на нивните обврски“, истакна Богданоски.
Учениците биле пресреќни што можат да учат од дома на еден нов и иновативен начин.
„Учениците сите што беа денес присутни на часот, најголем дел беа логирани од своите мобилни телефони, а можат да бидат логирани исто така од било кој уред кој е приклучен на интернет. Секој ученик во нашето училиште и секој наставник ја поседува истата оваа апликација и може на истиот начин, како мене, да организира онлајн настава“, додаде Богданоски.
Богданоски ги поттикнува сите свои колеги во Македонија за време на корона вирусот да ја употребуваат оваа платформа, која според него е иднината на образованието бидејќи платформата Offiice 365 била бесплатна и се што требало едно училиште да направи е истата само да ја побара од Мајкрософт.
„Се што треба училиштето да поседува е да има сопствена интернет страница, и сопствен хостинг, а инсталацијата е само работа која треба да се направи. Може да се организираат наставни часови и содржини со цели одделенија, па дури и со цели училишта, било каде во државата, не само во едно место“, истакна Богданоски.
Освен Мајкрософт Office 365, сега поради кризата бесплатна верзија имало и од платформата Zoom.
„Апликацијата и Zoom е исто така една од најдобрите светски конференциски апликации и платформа. Делот кој нас не интересира е дека 100 ученици можат да бидат приклучени. Јас ја имам пробано оваа апликација со 30 ученици и работеше без проблем. Заради кризата која настана оваа апликација е се нуди бесплатно“, рече Богданоски
Корона вирусот еден ден ќе заврши, но оваа платформа ќе остани. Како може истата да се искористи во понатамошно подбрување на нашиот образовен процес ?
Можностите се неограничении до нас е како ние ќе ги искористиме. Јас сметам дека можностите се огромни и дека вреди да вложиме во иднината, затоа што ова е иднината која не чека“, кажа Богданоски.
Богданоски вели дека ќе држи вакви часови се додека трае состојбата со корона вирусот. Наредниот час е вечерва во 19 часот, а се надева дека набрзо истиорт принцип ќе започне и во другите училишта.