Македонија со се приватно и јавно здравство располага со околу 200 респираторни машини, а во тек на недела дена ќе пристигнат уште 100-тина. Исто така Кина се понудила да донира 200. Значи се на се Македонија ќе располага со 500 респираторни машини. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг на Слободан ТВ.
„Во соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив“, рече министерот.
115