Италија го имаше најсмртносниот ден од појавата од коронавирусот откако во последните 24 часа починале 475 луѓе, од кои 319 во северниот регион Ломбардија. Ова е првпат да има повеќе од 400 починати во еден ден, а досегашниот црн рекорд беа 368 мртви пред три дена.
Вкупната бројка починати во Италија порасна на 2.978. Специјалниот комесар Анџело Борели денеска извести дека во земјата досега има 35.713 случаи на коронавирус, од кои 4.207 се нови. Меѓу заразените има и 2.629 здравствени работници.
Властите размислуваат да забранат секаков вид на надворешна активност.
161