Трогателни сцени во Италија: Воен конвој ги изнесува телата на починатите од Бергамо

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Италијанската војска била повикана да помогне во транспортот на мртвите пациенти со коронавирус во Бергамо чиј крематориум сега работи без прекин поради епидемијата на Ковид-19, пренесува РТ.

 

Италија е најтешко погодената земја со заразата на коронавирусот по Кина, до денес наутро таму заболени се вкупно 35.713 лица, додека починати се 2.987 лица.

 

Поради општиот карантин во Италија погребите се спроведуваат без церемонија, а најтешко е во Ломбардија, провинцијата на северот на Италија каде се наоѓа и Бергамо.

 

Целата ситуација ја објасни ЦФБ, најголемата компанија за организација на погреби во регионот. Воените камиони биле повикани на помош за превоз на ковчезите во други градови бидејќи синоќа во крематориумот во Бергамо повеќе немало место.

 

 

„Во нормален месец би имале 120 погреби. Сега цела генерација ни умре во две недели. Никогаш не сме виделе вакво нешто и ни се плаче поради тоа“, изјави Антонио Рикарди, претседателот на ЦФБ.

 

Во Бергамо вкупно има 80 погребни компании. Секоја од нив прима барем 12 повици на час.

 

Според податоците на Ројтерс, во светот вчера од коронавирусот биле заразени над 204.000 луѓе, додека бројот на умрени надмина 8.700.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи