Рекордни бројки со починати: Шпанија 462, Италија со 651 починат за 24 часа

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Шпанското министерство за здравство информираше дека во изминатите 24 часа дури 462 лица починаа од коронавирусот во земјата, со што вкупната бројка на починати се искачи на 2.182 лица.

 

Во Шпанија заболени се над 33.000 лица, а само во изминатите 24 часа бројот на новозаразени е 4.500. Според шпанските власти, најлошото допрва доаѓа во Шпанија.

 

Бројот на починати пак, од огромната епидемија што ја погоди Италија достигна 5.476, додека вкупниот број на потврдени случаи е близу 60.000, според најновите бројки на здравствените власти.

 

Италија вчера доживеа голем пораст на бројот на починатите од коронавирус, откако уште 651 заболен ѝ подлегнаа на оваа болест. Сепак, бројката не го надмина порастот во саботата, кога земјата забележа најголем број смртни случаи.

 

Вкупниот број на потврдени случаи со коронавирус во земјата сега изнесува 59.138, што претставува скоро една петтина од заразените низ целиот свет.

 

Италија останува втората најтешко погодена земја во светот (во однос на вкупниот број случаи), но сепак бројот на нејзините починати веќе ја надмина бројката во Кина. Додека Кина веројатно веќе успеа да се справи со епидемијата, бројките во Италија продолжуваат рапидно да растат и покрај напорите на земјата да го спречи ширењето на вирусот. Италија и понатаму е во карантин на национално ниво, кој властите го воведоа на 12 март.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи