Во изминатите 24 часа починаа 738 луѓе, со тоа Шпанија ја престигна Кина и е втора држава во светот по број на смртни случаи од коронавирусот по Италија.
Вкупно во Шанија од болеста Ковид-19 починале 3.434 луѓе. Во Италија починале најмалку 6.820 луѓе а во Кина 3.285.
Растот во последните 24 часа е најголем досега во Шпанија. Вкупниот број на случаи е 47.610 додека вчера изнесувал 39.673.