Духот го стимулира имуниот систем, вербата за опстанок, надежта – стравот има клучна улога за нашиот опстанок

Секогаш кога ќе сакав да напишам нешто за актуелната состојба со пандемија и менталното здравје, ќе ми се јавеше некој мој ФБ пријател со некоја инвентивна идеа. Сфатив дека нема потреба од мудрување и дека токму духот е тој кој го стимулира имуниот систем , вербата за опстанок, надежта дека ќе се преброди оваа непријатна состојба. Драги ФБ пријатели стравот е тој кој има клучна улога во вашиот опстанок.

 

Без да коментирам дали ставот во земското население е цел на оваа субмисивна војна, ќе кажам дека секој човек чувствува страв кога ќе се најде во животно загрозувачка ситуација. Стравот е сосема нормална емоција кој секој човек ја манифестира на свој начин. нема бестрашни луѓе , има луѓе кои научиле помалку или повеќе да го контролираат стравот.

 

Функцијата на нормалниот страв е да не предупреди да бидеме внимателни, да ги ангажираме нашите сетила, начин на размислување, да ги мобилизирама нашите искуства во функција на одбрамбени механизми со цел да се адаптираме на општата загрожувачка ситуација и да правиме економија на нашите ментални и физички ресурси.Сето тоа има свој когнитивни,волево-моторни , физиолошко- ендокрини ресурси

 

Многу е лошо ако стравот не преплави , не доведе до паника, предизвика депривација , апатија, депресија или резигнација. Тоа ја намалува еластичноста на механизмите на одбрана на личноста, ги ослабува менталните одбрани , симптомот соматизира и доведува до рективна заслепеност.Тоа значи дека станувате напети, анксиозни, го нарушувате сонот и апетитот,преосетливи сте и го нарушувате вашиот телесен имунолошки систем.

 

Драги мои пријатели за среќа повеќето луѓе имаат во себе внатрешна многувековна мудрост за тактика на преживување запишана во нивните гени .Зошто ние сегашните луѓе сме само една алка на животот од нашите предци кои успешно преживувале во секакви нелагодни животни ситуации, вклучително и болести ,зарази, диви орди и племиња,вулкани, земјотреси, глад, жед, невремиња ,поплави и војни низ историјата на човештвото. Затоа сте вие денес тука, да го сочувате тој ген за адаптација , да се справите со ова дененешна состојба и да му го пренесете вашето успешно искуство на идните генерации.

 

Ќе ме прашате каде можете да го најдете сите тие стари мудрости во вас? Одговорот е едноставен, вие го правите тоа, но не сте доволно свесни за тоа што го работите. Првин дозволете му на стравот да ве преплави, почувствувајте го неговиот интензитет и присуство во вас, тоа ќе трае 6 до 24 часа. После направете план што треба да преземете.Трето, почитувајте ги правилата на стручните лица од кризниот штаб и дозволете да ви станат ваша рутинска навика.Побарајте ги во вас вашите сеќавања од грижата на вашите родители, баби и дедовци, советите кои ви ги понудиле кога сте биле млади и несикусни. Побарајте ги во вас позитивните сеќавања, изнесете ги , тоа ќе ви ја покрене самодовербата.Правете го она што најдобро знаете да го направите во импровизирани услови, тоа ќе ви ја појача вољата. Верувај те му на вашите блиски и пријатели, тоа ќе ви ја појача вербата и љубовта. Селектирај те ги информациите на јавниот сервис, слушајтеги само официјалните податоци.И на крај споделувај те позитивни искуства од вашиот живот тоа ќе ја балансира вашата психичка и физичка енергијата.

 

Од останалиот дел користете барем еден здрав витаминизиран оброк од она овошје и зеленчук кое го сакате, умерено користете обични суплементи, движете по малку со неоптеретувачко вежбање или работа и се ќе биде во ред.

 

Драги мои ФБ пријатели, ова не е воена вежба, ова е реален живот за храбри, одговорни и разумни луѓе. Не ја игнорирајте ситуацијата, бидете еден дел од неа со вашите длабоки способности за преживување. Сега социјалниот живот е сведен на самоизолација и одговорност, се со цел да си ги заштитиме сопствените лични капацитети, заедницата и да им дадеме лекција на нашите поколенија. Оставете ги сите ваши негативни емоции и застрашувачки сценарија, вашата индивидуалност и евтина суета. Животот е убав и ајде да се избориме за него.

 

 

Автор : Јован Велески, специјалист по медицинска психологија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи