ВИДЕО – Богоески : Сите хоспитализирани пациенти во Прилеп поради корона се пратени во Скопје

Денеска и последниот од тројцата пациенти кои беа со корона вирус хоспитализирани во Прилеп ќе биде пратен во Скопје поради влошување на состојбата. Според Драган Богоески, директор на Општа болница Прилеп, станувало збор за повозрасни пациенти.

 

 

„Моментално нема да остане ниту еденм пациент кај нас, бидејќи и тој едниот пациент што беше на лекување, претходно беа тројца, и тој е во малку потешка клиничка слика и тој ќе биде упатен во Инфективна клиника во Скопје на понатамошно лекување. Пациентот е повозрасен и со претходни стентови, срцева слабост итн. Сите беа возрасни луѓе, над 65 години, со срцеви проблеми и со хронични белодробни проблеми. Немаме нов случај донесен, значи таа последната што е 59 години што ја кажаа, веројатно нема некои тегоби и е во домашно лекување“, истакна Богоески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи