Маж и жена на возраст од 61 и 64 години се новите заболени од корона во Прилеп. Според директорката на Центарот за јавно здравје, Драгица Николоска, во моментов се работело на епидемиолошка анкета и сите контакти со кои што биле тие двајца.
„Сите 4 новопотврдени случаеви во Прилеп не се поврзани со првопотврдените случаеви. Се додека не завршиме со сите резултати и епидемиолошки анкети, можам само да кажам во моментот дека нема поврзаност со првите случаеви. Во петокот бројката беше 27 брисови вкупно, од нив позитивни беа двајца, зборувам за саботата. Останатите се сите негативни. Во моментот чекаме резултати уште за 5 пациенти, за кои немаме никаква информација. Секојдневно некаде од 10 до 20 брисеви се пуштаат во Институтот за јавно здравје во Скопје“, рече Николоска.