Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово, информираат во денешното соопштение од Општина Прилеп.
„Едната докторка од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата. Денеска, до овој момент, нема регистрирано нови случаи на заболени од корона вирус во Прилеп, велат од локалната самоупраца.
Инаку во Прилеп во самоизолација во моментов се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка. Граѓаните го почитувале и олицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.