Ново намалување на цената на бензините и дизелот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Цените на бензините од полноќ се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се намали за еден денар, односно денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар и ќе се продава по цена од 48,00денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи намалување за исто половина денар за литар и неговата нова цена ќе биде 50,00ден/лит.

 

Новата цена на дизелот се намали за еден денар и ќе се продава за 45 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за денар и половина и изнесува 33,50 ден/литар.

 

Цената на мазутот М-1 НС се намали за 0,921 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 17,970 ден/кг.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи