ВИДЕО – Ивановски : Најдобрата реклама за ТианДе се задоволните клиенти, тука е нашата предност, производите нудат моментален ефект, а луѓето кои се во овој бизнис веднаш го гледаат бенефитот

 

Светската корпорација за здравје и убавина ТианДе во Македонија е присутна повеќе од 6 години. За овој временски период благодетите од производите на ТианДе ги имаат почувствувано огромен број наши граѓани, но исто така овој бренд нуди и одлична можност за заработување, морам да потенцирам, како ниту една друга мултилевел компанија досега. За производите на ТианДе, но и за тоа како може да започнете сопствен бизнис за овoј бренд разговараме со Филип Ивановски човекот кој го донесе брендот во Македонија.

 

 

Филип ајде пред да го започнеме ова интервју една кратка историја за твојата бизнис приказна, за тоа како започна приказната на ТианДе во Македонија ?

 

Обично кога на луѓето им се случуваат некои убави или бомбастични работи секогаш велат дека тоа се случило случајно, можеби средбата која што јас ја има со еден супер успешен бизнисмен кој што ми ја даде оваа информација е случајна, меѓутоа она што е важно e што јас навистина барав некоја шанса, каде што би направил нешто повеќе, секаде чувствував дека брзо се заморувам, дека секаде работите брзо имаат некој лимит.

 

По професија сум правник и никогаш не сум се занимавал со ова и ако некој некогаш ми кажеше дека ќе се занимавам со некои козмецевтички производи јас не би поверувал воопшто и би му рекол дека е луд. Но кога човек бара шанса и кога сака да направи нешто, јас имав можност да слушнав за оваа шанса и буквално ја зграпчив во моите раце, и реков, да јас сакам да го започнам ова.

 

Искрено јас немав поим што треба да правам, ниту што точно ќе се случува понатаму, меѓутоа кога човек има желба тој е спремен да научи буквално се. И таа желба е која мене ме водеше и информацијата што ја добив едноставно ја искористив и ете каде сме денеска и сето што го постигнавме е благодарение на волјата и желбата да се направи нешто повеќе.

 

Како што претходно кажавме на македонскиот пазар опстојувате 6 години, а за само неколку месеци брендот ТианДе направи вистински бум во Прилеп. Колку нови членови имате за овој период од овој регион и на што се должи оваа голема заинтересираност. Што ги привлекува прилепчани кај ТианДе ?

 

Знаете како, јас ги почитувам сите брендови и сите брендови се одлични, неможам да кажам ништо лошо против ниту еден бренд, меѓутоа нашиот бренд се разликува од другите бидејќи е козмецевтика. Нешто помеѓу козметика и фармација. И ефектот на сите производи е моментален. Но тоа се должи и на желбата на едни супер лидери кои ние ги имаме во Прилеп, бидејќи во животот не е важно само да работиш нешто, важно е и со кого ќе работиш и од кого ќе учиш. А ние имавме шанса да наидеме на супер сериозни луѓе и на неверојатни лидери кои што имаат желба да се развиваат премногу и благодарение на нив за толку кратко време ние навистина градиме еден многу стабилен и сериозен тим и тим кој што знам дека за многу кратко време ќе има неверојатни успеси.

 

Да се надеваме дека тоа ќе биде така. Како што кажавме и во најавата на ова интервју, освен уникатните производи, ТианДе нуди можност за заработка како ниту една друга мултилевел компанија досега. Вашите дистрибутери заработуваат неверојатен процент од секој продаден производ.

 

Едноставно нема да се мерам со останатите брендови, сепак тоа е непрофесионално, јас ги почитувам сите брендови, тие се наши колеги и ние сме во ист кош заедно. За процентот на заработка нема да зборувам колкав е кај другите, но можам да кажам дека процентот на заработка што го нуди ТианДе е таков за да луѓето го видат и го почувствуваат ефектот и бенефитот од нивното работење, е навистина едно хај левел што го викам јас и навистина оние кои работат од првиот момент се презадоволни затоа што условите на заработка и парите кои што ќе ги земат ги чувствуваат моментално и всушност тоа е и поентата. Не само што производите нудат моментален ефект и луѓето го гледаат бенефитот, најважно е што луѓето кои влегуваат во овој бизнис веднаш го гледаат бенефитот, а тоа е нешто што ги мотивира да одат напред и несомнено тоа е можеби главната причина зошто овој бренд се развива толку многу во Прилеп.

 

Со упорна работа за колку време може да се постигнат првите резултати ?

 

Првите резултати доаѓаат во зависност од она колкава цел си има зацртано човекот. Мојата причина зошто јас се заангажирав толку многу за овој бренд е тоа што јас во првиот момент, во првиот ден, ги видов своите резултати на заработка. Јас сум правник, моето семејство сите се правници, сум студирал на American College University, учев и правно средно училиште, значи цел живот учев право и уште неколку испити пред да го завршам факултетот и да магистрирам дојде информацијата за ТианДе.

 

Она што мене ме привлече во ТианДе е тоа што во правото, јас, односно моите родители инвестирале 7-8 години пари, исто така кога јас требаше да отворам своја адвокатска канцеларија повторно требаше да вложувам, а во ТианДе јас едноставно додека се учев уште од првиот ден ги почувствував бенефитите. И луѓето кои ќе влезат во нашиот бизнис додека се учат заработуваат пари и тоа е нешто кое буквално ги фасцинира и нешто што е поразлично од кое ние претходно сме навикнати.

 

Дали често ви го поставуваат прашањето, па во што е финтата ? Мора да има нешто тука ? Зошто вашиот бизнис план е толку уникатен ? Дали навистина толку се заработува ? Да не има нешто напишано со мали букви ?

 

Па, како во секоја банка сите договори кои ги склучуваме имаат од оние мали ѕвездички и кај нас има мала ѕвездичка која луѓето ја подзабораваат, а таа ѕвездичка се вика желба. Желба кај човекот да се развива, а ко луѓето имаат желба да се развијат тие нема да најдат ниту еден изговор. Знаете најдобриот факултет на кој магистрирал човекот е факултетот на изговори, кога нешто не сакаме да направиме, па често наоѓаме причина. Тајната на успехот се базира само на едно, луѓето да имаат желба да се развиваат. Ѕвездичка во тајна на успехот која ние ја имаме дефинитивно се начинот на обуките кои ние ги правиме и тоа е мојата тајна на успехот зошто толку почнав брзо да се развивам во овој бренд. Обуките се направени толку едноставни, со интеракција, така што на луѓето им е премногу интересно, второ едукацијата која ја стекнуваат е врз база на пракса. Се што се работи на обуките е практика. Навистина на луѓето им е здосадено од теорија цел живот. И во училиште слушале теорија и на семинари слушаат теорија, а кога пробуваат нешто практично тие всушност самите осознаваат како можат да го направат секој следен чекор. И затоа ние имаме луѓе кои се и средношколци и супер заработуваат. Имаме луѓе кои се на возраст дури до пензија и тие супер заработуваат, затоа што знаат зад секој чекор што точно треба да направат и воопшто не им е нешто страно и чудно туку тоа веќе го виделе на обуките.

 

За да сето ова најпластично им го доловиме на гледачите на ова интервју, дали може да откриеме една мала деловна тајна, колку заработиле за 2019 година вашите дииструбутери и колкав е нивниот број?

 

Мојата структура е веќе во 5 држави во кои што јас работам, не е само во Македонија. Кога би зборувале во делот на цифрите јас не би ја кажал цифрата, туку јас ќе кажам дека благодарение на брендот ТианДе илјадници семејства во Македонија си ги расчистиле своите кредити. Им овозможиле на своите деца многу подобро образование, престанале да живеат во моментот дека примањата во текот на месецот им се всушност само да преживеат и да ги исплатат своите сметки и трошоци. Сега имаат можност да одвојуваат многу повеќе време за себе и да си купуваат работи за себе. Семејствата кои порано оделе на одмор на кредит сега си го исплаќаат одморот и без кредит и одат на супер луксузни одмори. Луѓе и на друго место заработуваат добро, но работат по 10 или 12 часа на ден. Овде работи системот на прогресија, системот на дупликација. Да работиш едне час, а да заработуваш како за 10 часа. Системот на образование кој ние го имаме нажалост не не научил на една финансиска писменост, што е голем минус за секој човек кој денес се образува. Нашите луѓе се пресреќни што сега се финансиски самостојни, а финансиската самостојност кај ниту еден човек нема никаква цена.

 

Сепак како база на оваа добра економска состојба која што ја кажавте, доколку започнете бизнис со ТианДе, е и ефикасноста на производите ТианДе кои се незаменливи на пазарот и уникатни.

 

Токму така, ако на човек му продадеш нешто и тој не е задоволен тој никогаш нема да купи. И првото нешто за кое што јас се плашев, како и секој човек кој влегува во овој бизнис, дали производите делуваат. И буквално пробувавме што е можно повеќе производи на нас и откако пробавме десетици, кажавме ова е тоа. Затоа што потекнувам од едно супер образовано семејство и она кое што нас не учеле е угледот, а не само заработката на парите и она кое од старт ми беше важно да луѓето имаат ефект. Да не беа овие производи толку супер квалитетни ние на сите во Македонија ќе им продадевме по 1 пакет и се ќе завршеше тука. Поентата е зошто толку многу се шири ТианДе без никаква реклама. ТианДе никогаш не сте го виделе на радио, телевизија или билборд. Најдобрата реклама се задоволните клиенти. Тоа е она што нас не прави најсилни, задоволните клиенти кои зборуваат за нас и нашите производи врз основа на своето лично искуство кога тие го пробале на своја кожа.

 

Во овие моменти најактуелна е кризата со корона вирусот која ги погодува сите стопански субјекти. Имаме ограничено движење во текот на денот, полициски час навечер и забрана за собири, како контактирате со вашите клиенти, но и со сите оние кои сакаат да бидат дел од тимот на ТианДе ? Ако во овој момент некој сака да купи производи на ТианДе или ако посака да стане дел од вашиот тим, како може тоа да го направи ?

 

Во делот на информацијата како тие може да дознаат за производите, може да се обратат, зависи во кој град ќе го гледаат ова интервју, да си најдат свој дистрибутер кој веќе работи во компанијата на ТианДе и при тоа би сугерирал да внимаваат, да е некој квалитетeн кој веќе оди на обуки, се со цел да може да му помогне многу полесно да стигне до својата цел заради тоа што во животот не е важно само што работиш, туку важно е и со кого работиш и на кој начин можеш да се учиш. Пример за тоа е она што моментално се случува во Прилеп, таму ние имаме 55 дистрибутери, 55 професионални консултанти кои веќе посетуваат обуки, секојдневно се едуцираат и имаат професионалност во вистинска смисла на зборот. Дефинитивно Прилеп е пример за тоа како ако некој сака да се развива сето тоа е возможно.

 

 

Ние професионално создаваме услови за успех на секој! Доколку сакате да станете дел од нашиот тим ве молам контактирајте на следните броеви :

 

Елена Штаргоска 

Тел. 077-687-725

 

Лидија Вршкоска   

Тел : 078-471-760   

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи