Имаше одлука на турската влада дека сите респиратори на нивна територија ќе бидат користени за потребите на Република Турција, така да тие респиратори коии беа порачани од Кина ги зема турската влада и од тука норвешката амбасада беше приморана да го прекине тој договор. Истакна денеска во Прилеп, шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи.
„Норвешката амбасада беше приморана да објави нов договор за купување на респиратори, преку нова рута за обезбедување, која што ќе ја избегне Турција и која ќе дојде директно од Кина во Скопје. Другите набавки одат како што беше планирано, пред се таа од Европската Унија, за која пред се очекуваме да имаме поконкретна информација кога пристнуваат во Скопје.
За овие што ги набавуваме преку странска помош, понудите се прибираат од страна на норвешката амбасада во Белград, за нашите потреби и за земјите од регионот. Во постојана комуникација сме, последната ми беше вчера со норвешкиот амбасадор во Белград, која не покрива и нас и кој ме извести дека целата процедура оди како што е очекувано, така да очекувам денеска или утре да добијам поконкретна информација кога би дошле овие респиратори, кои ги изгубивме по пат, поради тоа што турската држава ги одзема.
Цената е прашање за норвешката амбасада, тие ги купуваат, тие ги одредуваат цените, наше е кога ќе стигнат респираторите, така наредните денови ќе имаме попрецизни информации и за овие од норвешката амбасада и за овие од ЕУ“, истакна Османи.