ВИДЕО – Сугарески : Постојано носиме мерки за да го заштитиме здравството, меѓутоа да не биде оштетена и економијата

Сакам да потенцирам дека за нас убедливо најважно е здравството на сите граѓани, но го гледаме и оној економски момент. Истакна Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, пред денешната седница на општинскиот кризен штаб во Прилеп.

 

 

„Затоа кога сега имавме тема на ребаланс што го носеше Владата, да заштитиме дел од капиталните инвестиции кои се исклучително важни за овој период, секојдневно носиме мерки, односно уредби со законска сила со кои на одреден начин правиме олеснување.

 

Конкретно ќе го земам мојот ресор кој го предводам, во изминатиот период донесовме мерки во делот на транспортерите, во делот на олеснување на сертификатите со кои што работат, исто така делот на меѓународниот транспорт е комплетно исклучен од полицискиот час од почеток, така да оној дел на превоз на стоки и услуги апсолутно движи.

 

Во делот на градежништвото исто така продолжување на лиценците на градежните компании, со цел да навистина, иако и за нив не постои забрана во делот на работата, да овозможиме во овој период го заштитиме целосно здравството, меѓутоа до толку да не биде оштетена и економијата. Затоа ние ќе продолжиме во таа насока“, истакна Сугарески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи