Денеска во Прилеп се одржа и седница на кризниот штаб на која присуствуваа присуствуваат шефот на централниот кризен штав, Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
„Можеме да направиме 1001 препорака, но ако препораките не се почитуваат тие паѓаат во вода. Сите сме свесни дека нашиот секојдневен живот стана многу различен, многу потежок и многу покомплициран, но тоа е единствениот начин да се справиме со оваа невидлива опасност, на прв поглед. Затоа денеска пред маркетите, пред банките, пред местата каде во принцип се правеа гужвите ќе видите по неколкумина униформирани припадници на армијата, чија задача не е да создаваат страв, туку почитта која што ја уживаат кај граѓаните да биде употребена за повеќе ред.
Сакам да честитам на Општината, која е можеби прва во државата, која на многу прегледен начин ги обележа местата каде им препорачува на граѓаните да чекаат пред влез во супер маркетите, пред влез во банките. Општината го прави своето, армијата ја дава поддршката, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да ги почитуваме.
Денеска првичното учество на армијата беше со помали бројки, меѓутоа денеска сме на овој штаб, заедно со половина речиси од генералштабот на армијата, да се договориме како оваа бројка во следните денови ќе се зголемува.
Ова почнавме во Куманово, сега во Прилеп, тоа е можност која им ја дадовме и на другите единици на локална самоуправа и до среда ќе знаеме кои општини каква поддршка од армијата ќе бараат“, истакна Шекеринска.