Вонредна состојба и во наредните 30 дена во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

На денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски донесена е одлука вонредна состојба во државава да се воведи и во наредните 30 дена.

 

„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае следните 30 дена“, изјави претседателот Пендарвоски.

 

Според Пендаровски, уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи и не може да ја потврди неговата прва одлука за вонредна состојба, ниту пак може да одлучи за потребата од продолжување на истата. Согласно тоа, тој ја презема одговорноста да донесе одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена, затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да се сочуваат животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања, дополни Пендаровски.

 

Претседателот нагласи дека не станува збор за продолжување на вонредната состојба којашто завршува денеска, туку за прогласување на нова.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи