Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски инфициран со коронавирус

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на тестот за коронавирус. Ова тој пред малку го соопшти на својот фејсбук профил. Покрај него, позитивни се уште 39 кумановчани чии резултати од тестовите ќе се објават во денешниот извештај.

„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца. Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите“, напиша градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи