Основното јавно обвинителство Прилеп до Основен суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за непочитување на мерките на владата во услови на пандемија.
„Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19, во одделни кривично правни настани во временскиот период од 10 до 16 април.
Обвинителството на надлежниот суд му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.
122