Со редарска служба, средства за дезинфекција и налепници каде треба да стојат верниците, црквите во Прилеп подготвени за Велики Петок

Со редарска служба, средства за дезинфекција и налепници каде треба да стојат верниците, црквите во Прилеп од раните утрински часови се подготвени за Велики Петок. Од црквите велат дека се превземени сите потребни мерки за заштита на граѓаните, да бидат на соодветно растојание, да нема гужви и турканици и секој граѓанин да се дезинфицира при влегувањето во црквата. Мерките биле во координација со Општиина Прилеп.

Вчера и градоначалникот на Прилеп истакна дека контактирал со сите намесници на сите цркви и свештеници во Прилеп при што бил направен план со кој што ќе се превземат голем број мерки за заштита на граѓаните доколку тие одлучат да одат денеска во црква.

„Ние знаеме каква е нашата традиција во нашиот град за овој ден, но знаеме и во која ситуација се наоѓаме поради пандемијата. Имаме направено план, доколку на централно ниво се одлучи и се дозволи верниците да можат да ги посетуваат црквите за Велики Петок, јас разговарав со сите намесници на сите цркви и свештеници од нашиот град, спремни сме, имаме план како тоа да го реализираме, да нема физички близок контакт и секое лице да добие заштитна маска пред да влезе во црквата. Ќе има редарска служба од Општина Прилеп“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи