И годинава, во услови на пандемија, кога Православната црква го слави Велигден, на Велика Сабота во црквата на Господовот Гроб слезе Благодатниот оган. Црквата беше празна, само со свештеници, монаси и владици на Ерусалимската патријаршија. Патријархот Теофил го пречека Огнот, а потоа го распредели на останатите во црквата. Како повеќе години наназад така и оваа се очекува Благодатниот оган да пристигне и во Македонија.