Паркирале „голф“ и маса на сред регионален пат, а потоа со нож нападнале лица кои не можеле да поминат

На 18.04.2020 година во 21,00 часот во СВР-Битола, З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило  “фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која што седеле две лица кои конзумирале алкохол.

Притоа З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото . Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.

Едното  лице му го зел телефонот на З.И. а другото  лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи