Бензините од утре поскапи за три и пол денари, дизелот за денар и пол

Facebook
Twitter
Email
Print

 

По владината одлука за зголемување на акцизата на нафтените деривати за три денари, Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената по која граѓаните од утре ќе можат да набавуваат нафтени деривати од бензинските станици во земјава. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за три и пол денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за еден и пол денар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 на бензинските станици од утре ќе се продава по цена од 52 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе може да се набави за 54 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 46,50 денари за литар.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи