Поради Ковид 19 во Прилеп енормно зголемен бројот на барања за еднократна парична помош и гарантирана минимална помош

Поради кризната ситуација со корона вирусот во Прилеп е неколку кратно зголемен бројот за барања за еднократна парична помош и гарантирана минимална помош кои секој ден стигнуваат до Центарот за социјална работа во Прилеп.  Дневно пристигнувале по околу 70 до 100 барања, за еднократна парична помош, а претходно биле само по околу 10 во текот на денот. Бројот пак на  барања за гарантирана минимална помош се движел од 10 до 15 во текот на денот, а претходно истиот бил по околу 4 до 5 барања дневно.

 

„Ние како иинституција во овој период се соочуваме со зголемен број на барања за еднократна парична помош и зголемен број на барања за гарантирана минимална помош. Во соработка со Црвениот Крст, дел од НВО секторот и хумани граѓани обезбедуваме пакети со храна за најранливите категории на граѓани, за што проценка правиме заедно како општински Кризен штаб“, рече Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп.

 

Исто така поради вонредната ситуација, поврзана со корона вирусот, се со цел да се заштитат и тие како вработени, но и да се заштитат странките приемот на граѓаните се вршел во канцеларија на влезот во Центарот, каде се оставале барањата.

 

„Доколку се јави потреба од сослушување на некоја странка поврзана со услугите од областа на социјалната заштита тогаш странката се повикува внатре во институцијата, во посебна просторија. Каде се сослушува, се составува записник и потоа стручните службенции продолжуваат со работа“, доаде Тошески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи