Денеска во општина Прилеп има 8 новозаболени лица од коронвирус. Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика.
Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 284 лица. Во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.