ВИДЕО – Младата иноваторка од Прилеп, Христина Микулек, креираше т.н. covid distance сигнален апарат

Поттикната од светската пандемија на корона вирусот и препораките за држење на растојание од минимум 2 метри помеѓу луѓето додека чекаат пред банките, маркетите или другите институции младата 17 годишна иноваторка од Прилеп, Христина Микулек, член на физичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ самата креираше т.н. covid distance сигнален апарат кој со помош на сензори свири или вибрира кога некој ќе се приближи поблиску од 2 метри.

 

 

„Ова е прекинувачот во кој има мали батерии. Има аларм за звучно предупредување, а овој дел тука е за вибрационо предупредување. Овој сензор пушта ултра звучни бранови, а другиот сензор реагира на истите, кои се одбиваат и се враќаат во него. Внатре има ординонано контролер со мал софтвер кој го контролира целиот уред. Има прекинувач за да одбереме кој режим го сакаме, дали вибрационен или звучен и има штипка за да се постави на некој дел од облеката“, истакна Христина Микулек, млада иноваторка.

 

Овој уред прво бил наменет како сензор кој би бил поставуван на возилата како помош за паркирање со негово звучно сигнализирање, но со појавата на Ковид 19, Микулек него го пренаменила како апарат кој ќе ја детекрира близината на луѓето. Воопшто не бил скап, а според Микулек во иднина тој би можел и да се продава.

 

„Проектот се изработуваше околу 2 недели. Тешко е, не многу, но сепак е тешко. Проектот чини околу 300 денари, воопшто не е скап, но многу е ефикасен. Во иднина би можел и да се продава. Имаме порачано и нови делови за да биде поефикасен проектот, но заради кризата се уште не се стигнати“, додаде Микулек.

 

Инаку Микулек е дел од тимот на ученици од Прилеп при СОУ „Ѓорче Петров“ кои досега имаат креирано неколку иновации, како смарт еко клупа која работи на соларни панели, проект за кој добија и награда од Фондот за иновациии, лежалка, лежалка на соларна енергија, корпа за отпадоци која работи на сензори и сигнален елек кој дава повеќе информации за оние кои возат велосипедисти, скутери, ролери и слично. И овој уред Миикулек планира да ги пријави во ФИТР.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи